skip to Main Content

Министерот Адеми на состанок на Меѓувладината мешовита комисија со Хрватска за националните малцинства

Министерот Адеми на состанок на Меѓувладината мешовита комисија со Хрватска за националните малцинства
  • 08.07.2019

Делегација предводена од министерот за дијаспора, Едмонд Адеми денеска во Загреб ќе учествува на четвртиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија (ММК) за спроведување на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска во сферата на националните малцинства.

На состанокот ќе бидат разгледани повеќе прашања кои се од интерес на националните малцинства на двете земји: образование, вработување, култура, медиуми.

Back To Top