skip to Main Content

Министерот Адеми во посета на САД

Министерот Адеми во посета на САД
  • 22.04.2018

Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми од денеска до петок ќе престојува во официјална посета на Соединетите Американски Држави.

За време на престојот, тој ќе ги посети Њујорк и Вашингтон каде ќе оствари средби со претставници на Стејт Департментот, Конгресот на САД и со претставници на македонската дијаспора.

Според агендата, министерот Адеми во Њујорк ќе одржи предавање на Универзитетот Колумбија на тема „Западен Балкан, Македонија и интеграцискиот процес – Има ли улога за дијаспората?“.

Во Вашингтон, се очекува да оствари средби со координаторот на програмите за дијаспора во Канцеларијата на Државниот секретар, Ашвуд Еферн и со Сузан Фалатко, в.д. директорка на Канцеларијата за Југоцентрална Европа во Стејт Департментот на САД, како и со група конгресмени во Конгресот на САД, лобисти за Македонија.

Во фокусот на разговорите ќе биде динамизирањето на стратешкото партнерство во билатералните односи меѓу Македонија и САД, новиот пристап на македонската Влада кон евроатланските интеграциони процеси и новиот моментум во овие процеси.

На средбите со иселениците, министерот Адеми ќе го пренесе новиот пристап кон дијаспората и институционалното поврзување со матичната земја, како и размената на искуства во однос на странските инвестиции и зајакнувањето на економскиот сегмент за поврзување со Македонија.

Back To Top