skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Милошоски на ФБ: Димитров бара нова работа

Милошоски на ФБ: Димитров бара нова работа
  • 11.06.2018

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, преку својот фејсбук статус тврди дека министерот за надворешни работи бара нова позиција во Обединетите нации, односно дека не планира да го заврши својот мандат како шеф на дипломатијата во Македонија.

„Не знам дали кариерата на Никола Димитров е “на иста линија” со онаа на Заев, која исклучиво зависи од решението на спорот со името, но дипломати од Обединетите Нации дојавуваат дека министерот долгорочно не ја гледа својата перспектива во Република Македонија.
Но, времето ќе покаже“, пишува Милошоски.

„Министерот за надворешни работи веќе започнал разговори со некои дипломати од Обединетите нации и Холандија во Њујорк за да ја поддржат неговата номинација (најверојатно кон крајот на 2018) за некоја средно висока позиција во ОН-Њујорк, ОН – Хаг, ОН-Виена или ОН-Женева“, стои во пораката.

Back To Top