skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Милошевски: Потребен е систем што ќе ги охрабри, поттикне и научи младите на самостојност

Милошевски: Потребен е систем што ќе ги охрабри, поттикне и научи младите на самостојност
  • 04.06.2018

Невработеноста од една и традиционалниот начин на семејно живеење се двете главни причини, според Евростат, зошто младите во Македонија се лидери по несамостојност во Европа. Мартин Милошевски од Националниот младински совет на Македонија смета дека податоците не се охрабрувачки, а проблемот го гледа во неколку насоки.

-Знаејќи дека имаме стапка на невработеност од 48%, една од највисоките во Европа, како последица на таа состојба е и оваа информација дека дури на 30-тина години младите се одлучуваат да се осамостојат. Дополнително е и културолошкиот аспект, традиционалното живеење коешто е белег на цела јужна Европа, каде што младите се поповрзани со својата фамилија и се чувствуваат удобно во тој живот, вели Милошевски.

Според него, културолошкиот аспект на проблемот е тешко мерлив, но затоа добри податоци даваат невработеноста и транзицијата од образование до вработување што трае и до 6 години. Тој смета дека младите сепак ги користат сите можности што им се нудат за да си го подобрат својот личен и персонален развој и инвестираат време и енергија да добијат вештини.

-Интересот постои, но можностите кои постојат во Р. Македонија за младите луѓе треба да се зголемат и да се унапредат, заклучува Милошевски.

Како што вели, се соочуваме со голем дисбаланс меѓу градовите во Македонија, односно градовите со поголем степен на развој нудат повеќе можности за разлика од другите градови.

-Во повеќето градови во Македонија младите немаат доволно шанси и можности за развој, односно можности за унапредување на својот културен живот. Најголемиот дел од вештините кои ги нуди образовниот систем не кореспондираат со пазарот на трудот, тоа се укажува повеќе години, дека нашиот образовен систем треба да биде унапреден и да се адаптира на тоа што го бара пазарот на трудот, вели Милошевски.

Тој смета дека ова би помогнало да се намали возрасната граница на осамостојување на младите, слично како во земјите од Западна Европа, каде што целиот систем е насочен кон тоа да ги охрабрува младите да се борат за својата иднина. Според Милошевски, осамостојувањето на младите во земјава го повлекува внатрешната миграција заради образование или наоѓање работа, но и тука се соочуваат со проблеми, односно образовниот систем не нуди животни вештини, не постои систем за студентска работа, а тој за пракса е неефикасен и не се вреднува неформалното образование. Сепак, вели, младите се здружуваат во младински организации, а големо влијание имаат и партиските подмладоци што членуваат во нив и помагаат за директен контакт со законодавците за неопходните промени во законодавството.

Back To Top