skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Премиерот Заев на форум на „Фајненшал тајмс“ за земјите од Западен Балкан
Министрите од ЕУ повторно на состанок околу преговорите со Северна Македонија и Албанија
Могерини-Шекеринска: За нашата земја не постои никаков аргумент дека нешто не е исполнето
Фазлиу на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на региони на ЕУ
Форум за антикорупциски реформи во Скопје
САД испраќаат околу илјада војници на Блискиот Исток поради „иранската закана“
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Мехмети и Кржаловски во Студио 1 на тема „Од Преспа во Скопје, кон Атина и Брисел“

Мехмети и Кржаловски во Студио 1 на тема „Од Преспа во Скопје, кон Атина и Брисел“
  • 11.01.2019

Со 81 гласови „За“ Собранието даде зелено светло за амандманите со кои се исполнуваат обврските на Македонија од Преспанскиот договор. На тема „Од Преспа во Скопје, кон Атина и Брисел“ домаќинот Чомовски дискутираше со гостите Ибрахим Мехмети аналитичар и Александар Кржаловски од мцмс.

Според Мехмети, граѓаните треба да бидат трпеливи да ги почувствуваат придобивките од имплементација на договорот на дело.

„Кај обичниот граѓанин се стекнува впечаток дека нешто се губи, иако во суштина не губиме нешто многу, бидејќи името останува, а северна е одредба. Компензацијата ќе биде кога резултатите од овој процес ќе почнат да се чувствуват. Тоа нема утре да се очекува, но мислам дека ЕУ и другите актери кои ја поддржуваа Македонија во овој процес, треба да се потрудат овие ефекти да се повидливи што побргу“, рече Мехмети.

На истата тема се надоврза и Кржаловски, кој иако е против договорот, смета дека клучно во целиот процес е што побрзо изгласување на договорот во Грција пред парламентарните избори на пролет.

„Бидејќи е тазе информацијата да им честитам на Владата и Заев иако сум против договорот, но ете на еден или друг начин се донесе и прашањето е како понатаму, како да се надмине оваа порализација, но за конкретниот договор можеше повеќе да се направи во текот на самиот процес.  Вчера или завчера го препрочитувавме договорот во кој стои дека во грчкиот парламент треба тој да се ратификува. Грција да е првата која нема да се буни за нашето членство во НАТО. Но Ципрас во последните изјави и Заев и Шекериска изјавија дека нема истовремено да се гласа, прво ратификација на договорот, а потоа Грција може да го влече ова прашање, а може и да не дојде на ред за гласање ако дојде нова партија. Затоа нашата влада треба да инсистира додека оваа власт е во Грција, да не биде подолго од март, пред да се распишат новите избори во Грција“, објасни Кржаловски.

Целиот разговор со гостите во студиото, како и телефонските јавувања на гледачите и јавувањата на новинарите од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и Собранието на Република Македонија, погледнете ги во видеото во продолжение.

Back To Top