skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

“Метлата” на Заев ќе мете цел месец и во владата и во општините и во партијата

“Метлата” на Заев ќе мете цел месец и во владата и во општините и во партијата
  • 15.05.2019

“Метлата” на Заев ќе проработи на почетокот на јуни и ќе мете цел месец. Тогаш ќе се знае и кои министри и заменици министри ќе летаат од Владата. Во овој период таа ќе зафати и дел од раководните структури во државните институции но и по вертикала во самите општини каде државата е претставена со свои институции. “Метлата” во овој период ќе мете и во СДСМ бидејќи како што рече Заев дека неговата партија е доминантна во власта и како таква има  општествена рефлексија врз граѓаните.  Премиерот ова го соопшти  по враќањето од четиридненото приватно отсуство koе го искористил за да се одмори но и да ги конципира идните одлуки. Нема бегање, промените ќе се случат, рече Заев.

“Главните критериуми ќе бидат оние за кои се дебатираше во текот на кампањата а тоа е ароганцијата неисполнување на одредени очекување на граѓаните, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, непотизмот, укажувањата на Антиокрпциската, сите овие аспекти ќе бидат согледани и   верувам дека ќе направиме вистински одлуки и решенија кои што  ќе ги убрзат, или ќе бидат сериозен ексцлератор за посилно динамизирање на работите во нашата земја бидејќи граѓаните сега очекуваат и конкретни резултати после сите овие крупни политички одлуки по завршувањето на претседателските избори”, рече Заев.

За пораката од министрите на ДУИ дека за нивното работење и евентуална смена е одговорен партискиот лидер Ахмети, Заев со одговор дека тој како мандатор на Влада може да предлага смени, а Собранието и Владата одлучуваат за нив. Сите доаѓаат од некоја партија, но не може да има режимско поставување кандидати, рече Заев.

“Сите сме одговорни пред граѓаните затоа што дел од функцонерите доаѓаат од политичките партии, дел  доаѓаат како интелектуралци или независни луѓе, секако главниот репер се граѓаните, генерално сите знаеме и очекуваме каде би се случиле промените. Генерално знаеме каде би се случиле промените. Верувам се работи за човечки слабости, кои треба да бидат отклонети”, рече Заев.

Средбата за најавената реконструкција меѓу Заев и Ахмети ќе биде договорена уште денеска. Според Османи во првите две години од владеењето доминантна била надаворешната политика, во другите две фокусот ќе биде економијата и во таа област според него требаат дополнителни зајакнувања на човечки капацитети.

Весна Велкова Тодоровска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top