skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

МЕР го осуди вербалниот инцидент кој го предизвикал работникот на трасата на Водно

МЕР го осуди вербалниот инцидент кој го предизвикал работникот на трасата на Водно
  • 29.08.2018

Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурси Скопје во државна сопственост во денешното соопштение до медиумите го осудува вербалниот инцидент кој го предизвикал работникот на трасата преку Водно.

–  Напоменуваме дека вербалниот инцидент кој го предизвикал работникот не е политика на однесување на МЕР и се коси со протоколите за работа. Вербалниот инцидент силно го осудуваме, а однесувањето на работникот ќе биде предмет на проверка и потенцијална дисциплинска постапка, се вели во соопштението.

Од МЕР посочуваат дека денеска продолжиле градежните активности за гасификација на Република Македонија, на трасата преку Водно. Активностите, како што појаснуваат, се на потег на кој не е предвидена измена на траса, потегот за кој е добиено одобрението за градба и на кој нема дрвна маса. Се работи во согласност со новите мерки и мерките дефинирани во студијата за животна средина.

– Откако беа почнати активностите, се појавиле неколку граѓани кои на мирен начин застанале во близина на механизацијата. Градежните машини веднаш ги запреле активностите, после што еден од работниците започнал вербална расправа со активистите, стои во соопштението од МЕР.

Оттаму потенцираат дека граѓаните имаат неприкосновено право на изразување на сопствен став и изразуваат подготвеност да ги продолжат разговорите со еко здруженијата.

 

Back To Top