Меморијален турнир посветен за Горан Димоски – Гого

По повод шест месеци од трагично изгубениот живот на младиот Горан Димоски, на 14, 15 и 16 септември во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во скопска населба Аеродром ќе се одржи меморијален турнир во кошарка.
За да му се оддаде почит на починатиот Гого во овие три дена ќе бидат организираат тимови за играње баскет, односно еден тим ќе го сочинуваат 3 + 1 играч. Котизацијата ќе изнесува 150 денари од играч или 600 денари од тим.
– Сите заедно да се собереме и да му оддадеме почит на нашот „Никогаш заборавен Гого“ – велат организаторите на овој турнир.
За да дознаете повеќе детали, кликнете ТУКА.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.