skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Медицинска сестра нападната на КАРИЛ, Филипче бара воведување полициски дежурства

Медицинска сестра нападната на КАРИЛ, Филипче бара воведување полициски дежурства
  • 08.11.2018

Медицинска сестра рано изутрината физички и вербално била нападната од семејство на пациент кој починал на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Инцидентот се случил пред влезот на нејзиното работно место на одделот за интензивно лекување, а денеска најостро го осудија министерот за здравство Венко Филипче, раководителот на Клиниката, Маја Мојсова, како и целиот персонал во таа јавна здравствена установа.

– Медицинската сестра не се здобила со тешки телесни повреди. Таа сега ќе оди на боледување и на психијатриска проценка за да можеме да и помогнеме во овој процес да соочи со ваквата ситуација. Таа била буквално изненадена од нападот. Многу е вознемирена, како и целиот персонал. Денес се работи во тешки услови. Во суштина многу често се случуваат вакви работи. На Ургентен и на КАРИЛ сме да удар на роднините на пациентите. Сите пациенти кои доаѓаат кај нас се најтешко болните. Најостро го осудувам овој акт кој е осуден и од целиот персонал на КАРИЛ. Сакаме поголема заштита. Апелираме до граѓаните да не остават да ја работиме нашата професионална работа. Никој не може добро да работи кога има ваков мобинг, ниту пак закани по живот и семејство, изјави д-р Мојсова.

Филипче рече дека го осудуваат секој вид насилство врз здравствените работници. Според него, тоа не е начин на комуникација, ниту начин на решавање на проблемите посебно не со медицински персонал кој деноноќно се бори за животите на најтешките пациенти. Посочи дека ја разбира болката на семејството, меѓутоа ова не е начин на кој каков било проблем може да се реши.

– Со министерот за внатрешни имав телефонски разговор и во текот на денот или утре ќе ги разгледаме сите алтернативи кои ни се на располагање за да ја зголемиме безбедноста тука во кампусот и на критичните места на клиниките, пред се мислам на Ургентниот центар и таму каде во текот на ноќните часови има најголема фреквенција на пациенти. Не може да се забрани посета. Сметам дека најсодветно е тоа да бидат припадници на МВР и во таа насока ќе биде дискусијата, додаде Филипче.

За предлогот да се воведат полициски дежурства пред неколку клиники, меѓу кои и на Гинекологија и на Клиниката за детски болести, освен на КАРИЛ и пред Ургентниот центар, министерот Филипче веќе денеска ќе разговара со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top