skip to Main Content

МВР упати претставка до ЗНМ, СЕММ и АВМУ за информирањето на одредени медиуми за инцидентот во Волино

МВР упати претставка до ЗНМ, СЕММ и АВМУ за информирањето на одредени медиуми за инцидентот во Волино
  • 09.09.2019

Министерството за внатрешни работи испрати претставки до Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поради информирањето на одредени медиуми за инцидентот на фудбалскиот натпревар во село Волино.

Како што соопштија од МВР, претставката е поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот и очекуваат новинарските организации да реагираат на ваквото непрофесионално постапување.

-Се надеваме дека овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми, иако уште од почетокот со усна информација, а потоа и по писмен пат и преку извадокот на дневни настани Министерството за внатрешни работи детално информираше за овој наста, се наведува во соопштението на МВР.

Back To Top