skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

МВР потврди: Груевски е пребеган во Унгарија – Судот да распише меѓународна потерница

МВР потврди: Груевски е пребеган во Унгарија – Судот да распише меѓународна потерница
  • 13.11.2018

Полицијата побара од основниот суд во Скопје да распише меѓународна потерница за екс- премиерот Никола Груевски, откако службите утврдиле дека тој се наоѓа во Унгарија, како што и самиот на пладне напиша на социјалните мрежи. МВР ја соопшти информацијата, која дополнително им била потврдена од унгарската амбасада во земјава:

„По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил. Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски“ – соопшти МВР.

Во меѓувреме, Амбасадорот на Унгарија во земјава, Ласло Дукс, поради оваа ситуација бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи. Со Амбасадорот Дукс разговарал државниот секретар Виктор Димовски.

„Во разговорот беше нагласено, дека на својот европски и евроатлантски пат, Република Македонија е цврсто определена да опстои на вредностите на градење на правната држава, фунционирање на независното судство и борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа, вклучувајќи ги и највисоките, што беше дел и од препораките во експертскиот извештај на Р. Прибе. По средбата во МНР, потврда за веродостојноста на информацијата е добиена преку Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“ – соопшти Министерството за надворешни работи.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top