skip to Main Content

Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место во струмичкиот катастар

Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место во струмичкиот катастар
  • 19.02.2019

Мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, ќе се повлече од работното место во Централен регистар во Струмица, по најавите од премиерот Зоран Заев дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од своите работни места во државните институции.

– Иако мојата мајка е вработена на транспарентен начин, каде се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со нејзе и таа ќе се повлече од работното место, најави Костадинов, одговорајќи на новинарски прашања по денешната изјава за медиумите пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Тој додаде дека очекува овој принцип да го следат и останати функционери.

По премиерот Заев, денеска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, најави повлекување на на лица блиски до функционерите на власта, по реакциите во јавноста за случаи на непотизам со вработувања во државни институции.

Back To Top