skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Манчевски: Ќе бараме кадар за преговори со ЕУ и надвор од институциите

Манчевски: Ќе бараме кадар за преговори со ЕУ и надвор од институциите
  • 15.04.2019

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со други ресори бара начин за привлекување кадар и од јавниот сектор и надвор од  институциите  за вклучување во процесот на преговори со Европската унија, изјави денеска  ресорниот министер Дамјан Манчевски.

Тој смета дека државата ќе биде подготвена да одговори на барањата со потребниот кадровски капацитет кога ќе почнат преговорите.

– Заедно со Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања и со Министерството за финансии работиме на предлог со кој ќе се овозможи начин, се надеваме, кој ќе привлече луѓе и од другите институции во рамки на јавниот сектор, но и надвор од институциите да се приклучат во процесот на преговорите. Ова е нешто на што ќе треба да работиме во следните неколку месеци, да одреагираме нормално бргу и навистина сметам дека ќе бидеме  подготвени во оној момент кога ќе почнат преговорите да одговориме на барањата, изјави Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања пред јавната расправа за измените на законите за јавен сектор и за административни службеници.

Како што истакна Манчевски, кадровски сме подготвени за клучните сектори што се први на дневен ред за преговорите со оглед на тековниот скрининг,  но ќе треба да се работи на капацитетот за останатите сектори.

Ќе се работи, како што најави, на повеќе полиња за да се привлечат лица за приклучување во преговорите. Во институции,  смета тој, има капацитети што треба да се насочат на вистинските места.

– Нормално е дека еден од аспектите е секако поголема мотивација од финансиски апсект, но не е секогаш и тоа, понекогаш луѓето бараат и друг тип професионална надградба и шанса да бидат вклучени во овие, би рекол историски процеси. Ќе се работи на неколку полиња преку што ќе се обидеме да привлечеме луѓе не само од надвор и од институиците, бидејќи имаме капацитети во институциите што треба да го најдеме и да го канализираме на вистинско место. Секако динамиката ќе биде како што ќе тече отворањето на поглавјата. Во секторите што се први на дневен ред и не е така лоша состојбата, но следуваат веднаш и други сектори што ќе се отвораат и мора да се работи брзо, рече Манчевски.

Во коментар на најавата за  префрлање на вработени од јавниот во приватниот сектор, ресорниот министер потенцираше дека нема потреба да се стравува од отпуштање и оти такви активности би се случиле на крајот на годинава.

– Нема потреба да стравуваат од ништо, се ќе биде доброволно, но факт е дека мора да направиме нешто во делот на реформа на системот и оптимизација на вработените во јавниот сектор, статус кво ситуација не може да остане, рече Манчевски.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top