skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Манчевски: Со бокс ми беше скршен носот

Манчевски: Со бокс ми беше скршен носот
  • 31.08.2018

„Се чувствував згрозен кога многу експлицитно покажуваа што ќе им прават на моите деца, дека ќе ги убијат и дека ќе ги влечат“

Продолжи главната расправа во кривичниот суд за собраниските инциденти од 27 април. Процесот е во доказна постапка, а денеска за сведоци се повикани, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество, пратениците од коалицијата на СДСМ, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.

Во овие моменти министерот Манчевски одговара на прашањата на обвинителката Вилма Рускоска, неколкумина адвокати приговараа, а судијката Добрила Кацарска им возврати дека никој нема право да ја прекинува обвинителката додека поставува прашања.

-Секој кој ќе го ремети редот на судот ќе биде отстранет и казнет, им рече судијката Кацарска, по што продолжи сведочењето, Манчевски објасни како пристигнувале насобраните граѓани, а пратениците ги следеле преку мониторите и гледале како влегуваат, а полицијата не реагира.

„Излегов надвор од прес славата за да видам што се случува… Слушнав, звук на кршење на стакло и многу звуци коишто доаѓаат од долниот спрат, слушнавме и чекори како некој се качува по скалите. Во тој момент сѐ уште имаше претставници од собраниското обезбедување. До мене беше еден од припадниците на собраниското обезбедување, шефот на собраниското обезбедување, којшто можев да го слушнам како се обидува да добие некој од службите на телефон. Но неговиот коментар беше оставме сами нема кој да нѝ помогне. Веднаш потоа почнаа да влегуваат насобраните граѓани, првите што влегоа беа до фантомки на главата по што се вратив назад. Манчевски раскажа дека во собранието се фрлале сите предмети.

-Се маваше со раце со боксови… Јас бев повреден со бокс. Имаше и други предмети, се дофрлуваше со сталаци, мебел…, рече Манчевски.

Манчевски рече дека на 27 април бил во прес-салата на Собранието заедно со Зоран Заев и други пратеници и оти кога толпата влегла во прес-центарот забележал човек со црна маица и ознаки на „хос“ кој носел оружје.

– Толпата ја проби вратата. Поголема група луѓе се упати кон нас и почна да мава со раце, стативи за камера, столици, тастатури и се што најдоа пред себе, како и со стапови од знамиња што ги носеа со себе. Видов лице со оружје. Тоа носеше црна маица со ознаки на хос без коса и со брада во тој момент, рече Манчевски.

Во неколку наврати, појасни Манчевски, можев да видам дека лицето посегнува по задниот дел од пантолоните и во рацете го држи оружјето.

– Никогаш не го извади во целост, но постојано додека траеше настанот добивавме закани дека ќе бидеме убиени, што мене лично ми ја покажува намерата на целата група, сведочеше Манчевски, додавајќи дека човекот со оружје ни бил толку активен како останатите, но оти цело време бил фокусиран со погледот кон Заев.

Рече дека имал впечаток оти и други лица носат оружје, но оти не видел друго лице со оружје.

Манчевски сведочеше дека постојано добивале закани по живот и дека ќе ги убијат оти ја продале државата и дека се предавници.

Кажа дека никој од собраниското обезбедување не се обидел да ги однесе на побезбедно место додека траел настанот.

Прашан како се однесувало собраниското обезбедување, Манчевски кажа дека чул како  шефот на собраниското обезбедување телефонски се обидува да добие некој, но потоа неговиот коментар бил „оставени сме сами”.

Инаку, пред почетокот на денешното рочиште, обвинетиот пратеник Јохан Тарчуловски, се обиде да ја прескокне заштитната ограда пред Кривичниот суд.

Back To Top