skip to Main Content

Манчевски: Регистарот на население да не се поистоветува со попис

Манчевски: Регистарот на население да не се поистоветува со попис
  • 29.03.2018

Електронскиот регистар на население што ќе биде функционален од крајот на годинава воопшто не треба да се поистоветува со попис, вели министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Во регистарот, како што појаснува, ќе бидат само дваесетина најосновни информации: име, презиме, матичен број, пол.

– Попис е друго. Тоа е сосема друга статистичка организација, рече Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на новоформираната Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Според министерот Манчевски, електронскиот регистар на население ќе биде основната и со тек на време единствената база на податоци за граѓаните. – Од таму сите институции ќе ги влечат основните информации за граѓаните, но исто така, покрај нив, сакаме да дозволиме, како што има различни примери во светот, на пример и банките да можат да ги користат информациите од регистерот на населението и оние кои имаат друг тип на бизнис, нормално со одредено ниво на безбедност и на авторизација, што треба да го гарантираме и законски ќе го поддржиме, рече Манчевски.

Од крајот на оваа година регистерот ќе биде функционален и според најавата секој граѓанин ќе може да си го активира својот електронски идентитет со кој што ќе може многу полесно да врши плаќања.

Back To Top