skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Мандиќ: Урбан и отворен Европски центар за возрасни лица, од корист за гостите и за заедницата

Мандиќ: Урбан и отворен Европски центар за возрасни лица, од корист за гостите и за заедницата
  • 12.06.2018

Во скопски карпош ќе се гради првиот Европски центар – најголемото живеалиште за возрасни лица во регионов. Комплексот предвидува нов начин на живот за пензионерите – нивна населба од отворен тип, во којашто освен медицинска грижа, ќе им биде обезбеден холистички пристап и приватност. Според Јасна Мандиќ, заменик претседател на Меѓународен сојуз, ова е можност компаниите да покажат дека профитот не ја исклучува корпоративната одговорност.

-Би удрила акцент на вработувањето на минимум 200 лица, од кои 10% стратешкиот партнер има обврска да бидат вработени лица со попреченост, ставање на располагање, на локално ниво, на 3-7% од капацитетите на располагање на локалната самоуправа за згрижување на лица во социјален ризик, вели таа.

Како што објаснува, зборуваме за Европски центар, односно во согласност со нашиот закон за семејно домување стандардите се во согласност со европските, но барањата на Меѓународниот центар од инвеститорите се за еден до два степени повисоки и обезбедуваат резиденцијално сместување и приватност.

-Тоа е еден холистички пристап, каде што лицата нема да бидат згрижени и третирани само медицински, затоа што голем дел од нив не се со нарушени здравствено функции и во третото доба имаат потреби од социјален и секаков друг карактер – супермаркети, ресторани, кафулиња, фризерски салони. Буквално град во кој ќе живеат, вели Мандиќ и дообјаснува дека Европските центри ќе бидат сместени во урбаните средини, отворени кон и за околината.

Предвидено е 50% од корисниците да бидат од странство, што би значело влевање на пари на ниво на локална заедница, затоа што возрасните лица ќе трошат и ќе ги користат сервисите.

-Европа старее, тоа е во согласност со трендот на Европа. Нудејќи еден друг стандард, очекуваме дека и заедницата ќе го препознае и ќе го поддржи тоа и сите ќе имаат корист. За возрасните лица е предвидена грижа од психолози и социјални работници и разни активности, бидејќи за возрасните лица е карактеристична депресијата, која треба да се третира соодветно, вели Мандиќ.

Инвеститорот, објаснува, има обврска да го изгради комплексот во рок од две години од потпишувањето на договорот, за коешто време ќе се обучува кадарот.

Back To Top