skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Мандатот на Груевски во собраниска процедура

Мандатот на Груевски во собраниска процедура
  • 15.05.2019

 

Собранискиот спикер Талат Џафеи испрати допис до мандатно имунитетната комисија со кој ја извести дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груески неопавдано бил отсутен од собраниски седници повеќе од 6 месеци. Во членот 59 од собранискиот Деловник пишува – дека по добивањето на известувањето Комисијата во рок од 15 дена треба да заседава и потоа по нејзин предлог на првата наредна седница Собранието треба да го стави на дневен ред.

Член 59

(1)  За пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието доставува судот кој ја изрекол казната. Претседателот известувањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
(2) За пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Претседателот на мандатно имунитетната комисијата Павле Богоевски потврди дека во понеделник на седница ќе се разгледува известувањето за одземање на мандатот на Груевски. Од ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе се координираат и ќе заземат став како ќе постапи нивната пратеничка група.

Се прави де фокус од реалните проблеми, наместо тоа сдсм да е зафати со суштински реформи потребни за стандардот на граѓаните, рече Арсовски.

И 8 –те народни избраници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе носат став како ќе гласаат за мандатот на екс прмиерот. За одземање на  мандат потребни се 80 гласови.

Весна Велкова Тодороска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top