skip to Main Content

Малолетник купувал преку интернет со податоци од туѓа картичка

Малолетник купувал преку интернет со податоци од туѓа картичка
  • 27.10.2019

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од битолското село Кажани, поради сомнение дека извршил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

„Во периодот од 25 до 28.07.2019 пријавениот, од веб-страни извршил нарачка на производи во износ од 16.600 денари, за кои при плаќањето ги навел податоците од банкарска картичка во сопственост на С.Н.“, соопштија од МВР

Back To Top