skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Макфакс“ ги изврте зборовите на Јовановски, договорот не е потпишан – простор за соработка секогаш има

„Макфакс“ ги изврте зборовите на Јовановски, договорот не е потпишан – простор за соработка секогаш има
  • 19.02.2019

Во врска со информацијата пласирана преку порталот „Макфакс“, сакаме да ја известиме јавноста за следново:

Преку социјалната мрежа „Фејсбук“, Бојан Јовановски, сопственикот на 1ТВ ДООЕЛ Скопје, ја информираше јавноста за веќе започнати преговори за остварување на деловна соработка помеѓу 1ТВ – национална телевизија и Групацијата „Клип Медиа“, потенцирајќи дека постапката е сеуште во тек.

Од информациите кои ги добивме од остварената средба со еден од сопствениците, Незавизната медуимска агенција Макфакс е дел од или еден од 24 портали сопственост/ сосопственост/ групација, на истиот тим
сопственици.

Ние нема да Ви навлегуваме во овој случај во вашата сопственичка и основачка структура. Во одговорот објавен на веб страницата на „Макфакс“, редакцијата на овој медиум се обидува да ги изврти зборовите на Бојан Јовановски испишани на личниот профил на социјалниот медиум „Фејсбук“, потенцирајќи дека досега не е потпишан договор за соработка со 1ТВ. Ние и нашиот сопственик во ниеден момент не негираме дека договорот не е потпишан.

Сосема е логично фазата на преговарање да претходи на фазата потпишување на договорот и не мора секогаш истите да бидат успешно завршени.

За евентуалното склучување на договор во иднина, ние ќе го задржиме нашето мислење за себе, со цел да не бидеме доведени во ситуација како Вас да треба да го погазиме својот даден збор. Во работата и соработката со вистински професионалци секогаш постои простор за договор.

Нашиот сопственик нема намера сега, ниту во иднина, да врши влијание врз уредувачката политика на нашата телевизија, а уште помалку да врши влијание врз вработените, новинарите и уредувачката политика на „Макфакс“ или на било кој друг медиум.

Јавното информирање за веќе отпочнато преговарање, иницирано од Ваша страна, само ја потврдува нашата професионалност и сериозен пристап во работата.

 

Back To Top