Макрадули: Пресудата од Стразбур не е за мене туку против систем што уништи многу луѓе

За пресудата на Европскиот суд за човекови права во којашто го доби спорот против поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, пратеникот Јани Макрадули вели дека е пред се потврда за една борба којашто ја воделе тој и мала група луѓе уште од 2006-2007 година. Како што вели, потешко му е сега отколку тогаш, затоа што не се искористил моментот.
-Тоа не е пресуда за мене, за некоја морална сатисфакција, туку пресуда против еден систем којшто постоеше во Македонија и начинот на којшто судот упропасти многу луѓе, многу повеќе од мене. Јас имав среќа да станува само за процес за клевета и навреда, во којшто партијата преку помош од пријатели ги надокнади трошоците. Многу луѓе изгубија здравје, вели Макрадули.
Според него, голема неправда е кога се чувствувате несигурно во системот како личност, семејство или колектив. Затоа очекуваотворањето на Поглавјето 23 од преговорите со ЕУ за правосудството да биде момент на поместување на работите во Македонија.
-Тоа треба да биде мотив за сите нас, како работиме во рамките на владата, како работиме во институциите и да се однесуваме поинаку кон тоа што е обврска, но и да градиме општество во коешто кој било граѓанин ќе може да го оствари своето право на правдина, изјави Макрадули.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.