skip to Main Content

Македонија ќе бара екстрадиција на Груевски, сега како организатор на 27 април

Македонија ќе бара екстрадиција на Груевски, сега како организатор на 27 април
  • 17.06.2019

Барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски како организатор на настаните во Собранието од 27 април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

– Целокупното досие од судот и обвинителството стаса во Министерството на крајот на минатата недела. Денеска ги потпишав сите пропратни документи и деновиве ќе биде пратено до Будимпешта со цел барање за екстрадиција за 27 април,  изјави Дескоска одговарајќи на новинарско прашање.

Министерката Дескоска денеска присуствуваше на конференција посветена на функционалноста на АКМИС системот во судовите, во организација на Министерството за правда и амбасадата на САД.

Интерпол уште ја нема објавено меѓународната потерница за Груевски за 27 април. Министерството и претходно бараше Груевски да биде испорачан како осудено лице во случајот „Тенк“, но Унгарија одби да го екстрадира Груевски кој доби азил таму.

Back To Top