skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Македонија со специјален статус во НАТО во јули, полноправно членство по промена на Уставот?

Македонија со специјален статус во НАТО во јули, полноправно членство по промена на Уставот?
  • 02.04.2018

Најновите неофицијални информации кои доаѓаат од Грција се дека преговорите за името би можеле да резултираат со компромис околу приемот во НАТО, со „надградба“ на статусот на Македонија на самитот во јули и ветување за полноправно членство кога ќе се промени Уставот.

Наводно, сега во центарот на преговорите е потпишување на меѓународен договор помеѓу двете земји, кој би предвидел (како подоцнежна обврска) промена на Уставот и старт на процедурите кои се неопходни за прием на Македонија во НАТО.

Шемата за која наводно сега се преговара е, според договорот, на самитот во јули, Македонија да добие „унапреден/надграден НАТО статус“, а во документот да се стави изричито дека целосното членство во НАТО ќе и биде доделено кога ќе биде завршена промената на Уставот.

Во моментов статусот на Македонија е кандидатски, со тоа што промената на името, односно договорот со Грција е едиствениот услов кој ја дели од членство во Алијансата.

Според медиумите, Ципрас преговара договорот да биде прифатен во грчкиот парламент, со мнозинство гласови, без Нова демократија на Мицотакис и Независните Грци на Каменос, без кои, сепак има просто мнозинство од 151 пратеник – заедно со другите партнери во коалицијата.

Според  „Катимерини“, Ципрас е во „отворена комуникација“ со Заев, дека атмосферата е многу позитивна, но се држи далеку од очите на јавноста.

Back To Top