skip to Main Content

Македонија и Србија ќе соработуваат во делот на заштита и спасување

Македонија и Србија ќе соработуваат во делот на заштита и спасување
  • 18.12.2018

Владата на Република Македонија на денешната 110-та седница го усвои извештајот за завршени преговори за склучување на Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за заштита и спасување од природни и други катастрофи.

Од владината прес-служба информираат дека со спогодбата се опфатени прашањата од областа на заштитата и спасувањето на населението и материјалните добра на билатерално ниво, како и соработката во делот на давањето и приемот на взаемна помош во случај на големи катастрофи, со цел соодветен одговор при вакви ситуации.

Освен тоа, спогодбата е и своевиден придонес во унапредување на регионалната соработка на Република Македонија со државите од нејзиното најблиско опкружување, во доменот на превенција и одговор при справувањето со природни и други катастрофи.

Back To Top