skip to Main Content

Лукаревска: Новиот начин на пријавување на даноците помага за сузбивање на сивата економија

Лукаревска: Новиот начин на пријавување на даноците помага за сузбивање на сивата економија
  • 04.07.2018

За сузбивањето на сивата економија, УЈП и Министерството за финансии формираа работна група за национална стратегија за фискализација, вели директорката на Управата Сања Лукаревска. Таму се прават анализи, месечни и годишни планови, а се контролираат сите фирми со сомнителни податоци во завршните сметки, а податоци и помош бараат од Финансиската и од Царинската полиција.

-Реформа во однос на персоналниот данок на доход е да ги гледаме сите исплати што ги добиваат граѓаните како дополнителен приход и ние да ги доставуваме нивните даночни пријави, посочи Лукаревска и додава дека ова е доказ за справување со сивата економија, за што искуствата се собираат од земјите и од светот.

-Македонија е интересно поднебје и во делот на собирањето на даноците и во делот на општественото функционирање, вели Лукаревска.

Back To Top