skip to Main Content

Лукаревска: Ние алармираме, но фирмите што не даваат плати се надлежност на Трудов инспекторат

Лукаревска: Ние алармираме, но фирмите што не даваат плати се надлежност на Трудов инспекторат
  • 04.07.2018

Запрашана за случаите со компаниите кои не им даваат плати на вработените, директорката на УЈП Сања Лукаеревска вели дека доаѓаат анонимни пријави.

-УЈП треба да ја помине платата на секој обврзник. Тоа ни прави обврска да им наметнеме да мораат да исплатат. Такви небулози има многу. Го известуваме Трудов инспекторат за да знае какви малверзации постојат, објаснува таа.

Како што додава, некои фирми се наоѓаат во тешка материјална состојба, но се обидуваат да најдат решение, како исплаќање на платите на рати. УЈП им излегува во пресрет кога постои добра волја, заради вработените, затоа што тие таму заработуваат за живот.

Лукаревска вели дека УЈП помага како аларматор до надлежниот орган, но нема право да се меша во работа на Трудовиот инспекторат. Некогаш Управата прави и повеќе, односно може да ја рашири приказната и да ја запознае јавноста со ситуацијата.

Back To Top