skip to Main Content

Лукаревска: Затекнавме разлика во промет во угостителските објекти

Лукаревска: Затекнавме разлика во промет во угостителските објекти
  • 04.07.2018

Директорката на Управата за јавни приходи на Република Македонија, Сања Лукаревска, во вечерашното гостување во „Уреднички брифинг“ на 1ТВ, прашана како ги коментира реакциите по минато неделната акција во неколку скопски локали, изјави дека во сите тие биле регистрирани прекршоци, односно разлика во прометот, што значи дека не биле издавани фискални сметки. Лукаревска открива дека во еден од угостителските објекти разликата во промет била околу 90 илјади денари.

– Акцијата во угостителските објекти беше координирана акција од четири институции. УЈП контролираше дали се издаваат фискални сметки, и затекнавме во сите објекти разлика во промет. Бараме асистенција од полицијата доколку чувствуваме одреден ризик или пак се сомневаме дека ќе се соочиме со попречување во нашата работа. Полициска асистенција бараме во сите фирми каде се сомневаме дека може да кулминира ситуацијата. Некаде постојат паралелни системи, едниот поврзан со системот на УЈП, а друг интерен систем во фирмите, што се коси со сите законски норми. Последниов период најдовме трговци кои 2 до 3 години не се поврзани со ГПС системи. Има многу субјекти кои имаат паралелни системи, изјави Лукаревска во „Уреднички брифинг“.

Back To Top