skip to Main Content

Лукаревска: Верските заедници по закон не подложат на контроли на УЈП

Лукаревска: Верските заедници по закон не подложат на контроли на УЈП
  • 04.07.2018

Сите верски лица, попови и оџи не подлежат на контрола според законот затоа што се паушалисти плаќаат утврден годишен паушал, во согласност со Законот за данок на персонален доход. Се додека не се смени законот, не се обврзани да издаваат фискални сметки, објаснува директорката на УЈП Сања Лукаревска и додава дека Управата може да направи контрола само во согласност со Законот за данок на персонален доход.

Сепак, како што вели, еден од предизвиците на владата е транспарентност во секој поглед и очекува така да биде и во овој случај.

-Може да се направи финансиска контрола, но не во однос на фискализацијата, рече Лукаревска.

Back To Top