skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ЛОША ВЕСТ ЗА МЕТЕОПАТИТЕ: АНДРЕА се враќа и носи нови врнежи, НЕВРЕМЕ и ЗАЛАДУВАЊЕ

ЛОША ВЕСТ ЗА МЕТЕОПАТИТЕ: АНДРЕА се враќа и носи нови врнежи, НЕВРЕМЕ и ЗАЛАДУВАЊЕ
  • 21.05.2019

Биометеоролошките прилики во државава овие денови ќе бидат релативно неповолни и тоа поради враќањето на АНДРЕА па така особено кај метеопатите ќе се зголеми можноста за појава на здравствените проблеми како што се болки во коските и на местата од старите рани, поспаност, повремена нервоза како и тежина во главата.

Инаку атмосферата значително ќе се дестабилизира во четврток доцна попладне и навечер кога на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на некои места не се исклучува можноста и за појава на невреме со град. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон петок како и во петок кога повторно во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално и тоа особено во јужната половина од државава, врнежите ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Поради спуштање на постуден воздух од север, во петок ќе дува северен ветер, кој повремено на некои места ќе биде засилен по интензитет и истиот ќе услови пад на температурите за пет до шест степени.

Во четврток ќе биде најтопло со максимални температури од 22 до 29 степени, додека во петок истите ќе се искачат во интервалот од 16 до 24 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top