Локализирани 70% од пожарот кај Љубин, интервенира и авион на ДЗС

Локализирани се 70 проценти од пожарот кај скопското село Љубин, што избувна на потегот кон село Рашче во Општина Сарај, а во неговото гаснење е вклучен и авион на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со пожарот е зафатена голема површина со сува трева и борова шума.
– Кај што можеа да влезат противпожарните екипи, на некои места тоа изгледаше и невозмошно, се интервенираше и тој е локализиран. Останува уште еден дел непристапен за нас, а за кој се вклучи и авион од ДЗС којшто веќе интервенира, изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Противпожарната единица на град Скопје.
По избувнувањето на пожарот на терен интервенираат пет возила и 25 пожарникари од Противпожарната единица на град Скопје. Оттаму апелират до граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.
Во скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија, каде беше зафатена поголема површина мешана шума.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.