skip to Main Content

Личните ставови за амнестијата оставени настрана – Владата тврди помирувањето е нужно

Личните ставови за амнестијата оставени настрана – Владата тврди помирувањето е нужно
  • 19.12.2018

Законот за амнестија кој вчера беше изгласан во Собранието веќе е испратен до кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов. Според законот, обвинетите за крвавиот четврток ќе имаат 5 дена да поднесат барање за амнестија. Јавноста реагираше на селективната правда, а на сметка на Владата стигнаа и обвинувања за мешање во судството. Владата останува на ставот дека законот бил нужен за помирување и дека не станува збор за никакво мешање во судството.

Министерот за внатрешни работи не даде конкретен одговор за селективната правда и рече дека без оглед на личниот став, процесите за помирување во државата мора да течат. И директорот на БЈБ, чиј живот беше загрозен на критичната ноќ, во куса изјава потврди дека личните ставови се разликуваат од законското решение за амнестија.

Владините претставници се децидни во одговорот дека насилниците и нарачателите ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но сепак останува револтот на јавноста за селективна одоговорност. Спорно е и тоа што законот ќе ги опфати пратениците кои ги отворија собраниските врати, а без тоа дело не би дошло ниту до насилствата кои се случија на 27 април. Дополнително револтирани се и обвинетите за насилство кои сметаат дека се наместени и изманипулирани.

Кристина Атовска

Back To Top