skip to Main Content

Курц: Македонија е на историска пресвртница, поддршка за референдумот

Курц: Македонија е на историска пресвртница, поддршка за референдумот
  • 07.09.2018

Македонија е на историска пресвртница на патот кон ЕУ. Во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември, решението за прашањето за името ја има нашата целосна поддршка. Затоа доаѓам во Македонија каде што ќе се сретнам со премиерот Зоран Заев и други официјални претставници, порача преку видео порака на Фејсбук и Твитер австрискиот канцелар Себастијан Курц,  кој денеска престојува во посета на Скопје.

Курц заедно со австриската делегација претпладнево ќе биде свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна ќе има и заедничка прес-конференција со премиерот Заев.

Тој во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.

При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за прифаќање на Договорот со Грција што ќе го отвори патото кон Унијата и НАТО.

– Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.

Во пресрет на референдумот на 30 септември, вчера во Македонија беа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Жан Аселборн, а утре на Денот на независноста доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.

Back To Top