skip to Main Content

Курто Дудуш се сомнева дека Игор Дурловски давал насоки за „крвавиот четврток”

Курто Дудуш се сомнева дека Игор Дурловски давал насоки за „крвавиот четврток”
  • 21.09.2018

Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, во сведочењето во Кривичниот суд за предметот за собраниските инциденти, изрази сомнеж дека Игор Дурловски ги давал насоките.

Дудуш потврди дека го видел Дурловски во Собранието, но не беше сигурен дали тој ги давал насоките. Втор сведок беше една новинарка. Таа рече дека на 27 април било тензично и многу напнато. Според проценките на новинарката, толпата била насочена кон Зоран Заев, Талат Џафери и Зијадин Села и преостанатите пратеници.

Имало закани и кон неа, со овие зборови: „Работиш во предавничка телевизија. Вие сте предавници. Вие сте соросоидка”. Додека тепањето кон пратениците продолжило, во други простории од Собранието забележала како 6 до 8 луѓе го удираат Села во глава, крвнички.

Новинарката рече „буквално се бараше простор повеќе да се удира”. „Мојот впечаток е дека тие (со качулка) ја водеа толпата, кој каде да ја води групата”, рече новинарката.

Таа сведочеше видно вознемирена и со солзи во очите, рече дека чувствувала страв, особено во моментот кога видела многу крв, нејзината колешка од истиот медиум кога била затворена, кога никој не им помогнал и не забележала полицајци низ Собранието каде што се движела, кога се запишувале во собраниското бифе.

„Го направивме муабетот, не не убија, но ќе се загушиме”, рече новинарката.

Нареден на листата на сведоци е заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, додека последен е директорот на БЈБ Сашо Тасевски.

Игор Стефановски

Back To Top