skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Кумановецот кој ширел лажни вести е припадник на АРМ

Кумановецот кој ширел лажни вести е припадник на АРМ
  • 21.01.2019

Потрагата по изворот на лажни вести онлајн повторно води до Македонија. Но овојпат Велес не е градот од каде се пласираат неточни информации на интернет. Мартин Схенк или белгискиот „ловец на лажни вести” како што го нарекуваат медиумите, во текот на изминатава година упсеал да влезе во трагот на сосема друга мрежа на македонски граѓани кои заработуваат на овој начин. Еден од креаторите, Слаѓан Бојковски викан Цаго е професионален војник.

„Лицето кое се споменува во написите во медиумите е вработено како професионален војник во АРМ од јануари 2002 година“ – потврди АРМ.

Истражувањата на Белгиецот откриваат дека мрежата на Бојковски со години веќе креира лажни вести со бомбастични наслови и содржини на интернет. Бизнисот го почнале со стории за мотори и содржина за возрасни, но тоа според Схенк не било доволно исплатливо, па така, Бојковски и неговите соработници се свртиле кон стории против исламот, разни теории на заговор, вести за наводно легализирање на педофилија и слично. Една лажна вест им носела по околу сто евра дневно.

По стапките на Бојковски, уште еден негов колега од Министерството за одбрана се приклучил кон мрежата. програмерот Мартен Шенк од Белгија уште пред една година му влегол во трагата на Марјан Залатановски кој имал регистрирано страници за пласирање лажни вести. Тој за дел од медиумите веќе потврдил дека навистина работи во Министерството за одбрана на Македонија и е во брак со Марија Крстева на чие име биле регистрирани „фејк њуз сајтовите“.

„Прашавме дали би сакал да го прокоментира фактот дека е чудно за службеник на неговата позиција да раководи со сајтови кои објавуваат расистички, невистинитити и многу често незаконски копирани содржини за профит, но тој одби да даде изјава. Првично мислевме дека некој го злоупотребува неговиот идентитет, но се покажа дека вистината е многу поедноставна, но сепак доста изненадувачка“ – објавија „ловците“ од Белгија.

Спеак, ниту Бојковски ниту Златановски не одговорија на нашите повици и пораки испратени преку социјалните мрежи. Информациите за нивната мрежа станаа топ вести во европските медиуми викендов кога белгиецот Схенк на вебсајтот ги објави сознанијата до кои дошол по неколкумесечна потрага по македонските мрежи на лажни вести. За потсетување, тие се „прославија“ за време на претседателската кампања во САД. Светските медиуми беа тогаш преплавени со стории за македонски тинејџери од Велес кои пишувале лажни вести фокусирани на напади врз кандидатката Хилари Клинтон и Демократската Партија. Обвинувањата беа насочени кон Русија, иако до сега не се откри кој точно стои зад ова и дали станува збор за сериозна организациска поставеност на бизнисот со лажни вести.

Христијан Баневски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top