skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Дали повторно го градиме култот на личноста – тема на „Уреднички брифинг“

Дали повторно го градиме култот на личноста – тема на „Уреднички брифинг“
  • 30.05.2018

Култот на личноста е тема што се провлекува изминатите години иако Македонија е демократско општество – од Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски, до Никола Груевски како зенит на појавата, а сега се навестува такво однесување и кон Зоран Заев.

Според социологот проф. др Илија Ацевски, оваа појава се провлекува од социјализмот, но култот на личноста зема замав од 90-тите години, кога кај луѓето се појавува потреба од силен човек кој ќе воспостави ред. Оваа приказна се случувала и во други држави, но е премногу типична за Македонија, оценува Ацевски.

-Кога ќе го посматрате Груевски, тој е резултат на подолг временски период, но и психолошка подлога за да се создаде таков тип на личноста. Резултатот го знаеме денеска, вели Ацевски.

Проф. Ненад Марковиќ, политиколог, се согласува дека Македонија е илустративен прилог по многу основи. Политичката култура еволуира бавно, а за култот на личноста кај нас придонесуваат два фактори. Првиот е е пирамидалниот механизам на власт, каде што подолните чинители им ја препуштаат одговорноста на погорните и ја персонализираат власта во највисоката точка.

-Во времето на Груевски ја имаше онаа позната синтагма на социјалните мрежи – „Зборено е со Груевски“ или денеска „Зборено е со Заев“. Тоа покажува многу илустративно како го доживуваат луѓето механизмот, објаснува Марковиќ.

Вториот е политичката култура – кај нас постои голема дистанца на моќ – ја доживуваме политиката како нешто битно, но морално се дистанцираме од неа, вели Маринковиќ. Според него, брзата размена на информациите, колку што му помага на градењето на култот на личноста, толку и му одмага поради посилната критика на јавноста.

-Ако сакаме да биде успешна оваа власт, таа мора да работи спротивно од тие механизми што ги применуваше претходната, додава Ацевски.

Според него, во 2006, кога доаѓа на власт Груевски, кога се прави прераспределба на неприватизираниот имот, останал само буџетот – тука почнало заробувањето на институциите, полнењето на администрацијата и грубо кажано „пумпањето пари“ преку проекти од коишто корист би имала владејачката структура.

Back To Top