skip to Main Content

Кризен штаб против референдумот: Мицкоски лаже дека нема да користи буџетски средства за референдумот

Кризен штаб против референдумот: Мицкоски лаже дека нема да користи буџетски средства за референдумот
  • 27.08.2018

Кризниот штаб против референдумот чувствува потреба да му ја освежи меморијата на марионетата Христијан Мицкоски кој манифестира селективна сенилност со изјавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања со сопствени партиски средства и не сака буџетски пари за референдумот.

За кој сопствени партиски средства зборува марионетата Мицкоски?!

Го потстетуваме Мицкоски дека само пред еден месец лично постави услов дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за изборот на ДИК а за возврат да се зголеми годишното финансирање на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од буџетот за 2,5 пати. Во бројки тоа значи дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ годишно добиваат од буџетот по 2,2 милиони евра или во еден изборен циклус од 4 години ќе добиваат  8,8 милиони евра од буџетот.

Значи, Мицкоски најбезобразно лаже дека ВМРО-ДПМНЕ нема да користи буџетски пари за кампањата за референдумот кога веќе заедно со СДСМ ја добија од буџетот сумата од 2,2 милиони евра за 2018 година за редовно годишно финансирање на партиите од буџетот.

Наместо да глуми лажен хуманизам, Мицкоски да повика на бојкот на рфеферендум и на тој начин да биде на страната на македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во дијаспората, кои нема да излезат на референдумот оти не сакаат промена на вековното македонско име.

Марионетата Мицкоски треба да знае дека во овие судбоносни моменти за Татковината, никакви пари не се вредни доколку се употребат во борбата против непријателите на македонското дело кои сакаат да избришат се што е македонско, и оттука, нема потреба Мицкоски да глуми лажен хуманизам туку напротив, отворено да каже дека е спремен да ги потроши сите пари што ВМРО-ДПМНЕ ги зема од буџетот за спас на македонскиот народ и македонската држава, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Кризниот штаб против референдумот.

Back To Top