skip to Main Content

Кривична пријава против екс директорката на Агенцијата за филм и уште 8 лица – Буџетот оштетен за 622.000 евра

Кривична пријава против екс директорката на Агенцијата за филм и уште 8 лица – Буџетот оштетен за 622.000 евра
  • 16.06.2018

Девет лица од Агенцијата за филм осомничени дека го оштетиле државниот буџет за речиси 622 илјади евра. Меѓу нив се и поранешните директори: Дарко Башевски и Мими Ѓорѓиевска Илиевска, сите се гонат за “злоупотреба на службената положба и овластување“. Тие се теретат дека во повеќе наврати ја злоупотребиле својата положба со тоа што дозволиле лица од агенцијата незаконски да учествуваат на конкурс и да се здобијат со парични средства.

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека се поднесени  кривични пријави против девет лица.

Д.Б. во својство в.д. директор на Агенцијата за филм на РМ, во периодот од 2014 година до 2015 година и М.Ѓ.И., во својство на директор на Агенцијата за филм на РМ, во временскиот период од 2015 година до 2017 година, во повеќе наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластување на тој начин што, иако знaеле дека лицето В.Б., како член на филмскиот совет на Агенцијата за филм на РМ, законски неможе да учествува на конкурс на Агенцијата за добивање на парични средства, ниту да учествува во реализацијата на проект кој добил средства од Агенцијата, сепак со истиот – како управител или режисер на продуцентски куќи „Панк Филм“ ДООЕЛ и „Фокус Покус Филмс“ ДОО Скопје, склучиле договори за снимање на филмскиот проект „Слобода или смрт“ и долгометражните филмови „Амфитеатарот Скупи“ и „Пијавици“.

По незаконски спроведената постапка и склучените договори, Агенцијата за филм на РМ на продуцентските куќи им извршила исплата на парични средства во вкупен износ од 38.221.716 денари. Во извршување на кривичното дело учествувале и другите пријавени лица во својство на членови на Управниот одбор на Агенција за филм на РМ, кои иако знаеле дека постапките за доделување на парични средства за филмски проекти на продуценските куќи се незаконски, сепак ги одобриле спроведувањата на истите.

Back To Top