skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Кривична пријава и притвор за разбојник од Гевгелија

Кривична пријава и притвор за разбојник од Гевгелија
  • 27.02.2019

СВР Струмица-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава против Т.К.(40) од Гевгелија поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопшти денесka портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Имено, на 9-ти јануари во електронско казино во Гевгелија пријавениот со ловечка пушка марка „Брно“ упатил закана кон вработениот и одзел околу 150 илјади денари. При претрес на неговиот стан, откако претходно бил фатен од полицијата кај селото Мрзенци, биле пронајдени пари и цигари од кражба на маркет во село Негорци и ловечката пушка, која исто така била украдена.

– На 22-ри февруари 2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во станот и помошните простории во кои живее и престојува пријавениот, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела и тоа: четири кражби од продавници и три кражби во куќи, за кои дополнително ќе бидат процесуирани кривични пријави, дополни портпаролот на СВР Струмица, Рендевска.

На предлог на јавен обвинител во Велес, од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Гевгелија, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Back To Top