skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Собраниската Комисија утре ќе ја започне дебатата по уставните амандмани
Со дополнителни докази на одбраната продолжува судењето за „27 април“
Трајковски по посетата на Груевски во Будимпешта, без коментар пред денешното рочиште за насилството во Центар
Во Врховен расправа по жалбата на Митриновски околу неговото разрешување
Мицоткаис до Ципрас: Не ја спасивте Македонија, туку отстапивте македонска националност и јазик
Гутереш: Преспанскиот договор е пример за мирно решавање спорови
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Кривична за Славчо Трпески за незаконско унапредување на 128 службеници – Екс директорот демантира

Кривична за Славчо Трпески за незаконско унапредување на 128 службеници – Екс директорот демантира
  • 11.10.2018

МВР го сомничи поранешниот директор на Агенцијата за катастар, Славчо Трпески дека унапредил 128 службеници без соодветна законска постапка. Според министерството, Трпески ја злоупотребил службената положба во 2016 година, а со незаконското постапување го оштетил државниот буџет за речиси 120 илјади евра.

„С.Т., без да достави барање за унапредување до организационата единица за управување со човечки ресурси, без добиено известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, без објавен интерен оглас, без постоење на пријави за унапредување со приложени, без Комисија за селекција, без записник за административна селекција и за спроведени интервјуа со најдобро рангирани кандидати, без одлуки за извршен избор, ниту пак објава на истите на веб страната на Агенцијата, спротивно на неколку членови од Законот за административни службеници, на 29.07.2016 година донел 128 Решенија за распоредување и определување на плата на државен службеник“ – се вели во соопштението на МВР.

Трпески демантира противправни дејствија и вели дека не потпишал ниту едно Решение за унапредување додека бил директор на Агенцијата. Додава дека решенијата кои биле носени за унапредувања биле во согласност со новиот Закон за административни службеници.

„Дека се работи за политичка хајка доволно е само да Ве информирам дека денес од вас медиумите дознав за оваа кривична пријава, односно воопшто во изминатиов период министерството за внатрешни работи од мене не побара никакви изјави, документација или појаснувања за предметот кој го воделе. Политичката хајка против мене е со цел да се покрие слабата работа на актуелното раководство на македонскиот катастар како и општата пост референдумска состоба во Републиката. Во ситуација кога актуелниот директор на катастарот Борис Тунџев спротивно на Законот за администрација унапреди повеќе од 50 раководни службеници, го растури целиот профионален менаџерски тим….. – вели Трпески во писмениот одговор за 1ТВ“.

Поранешниот директор најави кривични пријави за сите инволвирани лица, без да прецизира на кого мисли. Славчо Трпески беше на чело на Агенцијата за катастар 5 години, а ова е втора кривична пријава против него по заминувањето од функцијата.

Кристина Атовска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top