skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Кривичен прстот го впери во Џафери

Кривичен прстот го впери во Џафери
  • 27.02.2019

Откако Собранието ги „спаси“ поранешниот прв човек на законодавниот дом Трајко Вељановски и пратеникот Љупчо Димовски, а актуелниот собраниски претседател Талат Џафери го обвини Кривичниот суд, истиот возврати на ударот. Кривичен  прстот го впери во Џафери. Се огради од вина во случај двајцата пратеници да се дадат во бегство. Без одземање на имунитет, судот не може да одлучува за мерка притвор, наведува Кривичен во своето соопштение.

Имајќи го предвид  известувањето и одредбите од ЗКП, судот не може да постапува по предлогот за определување на мерката притвор без претходно позитивно произнесување на Собранието во однос на имунитетот.Во врска со наводите на Претседателот на Собранието дека „Судот ќе биде одговорен за евентуално бегство на осомничените и дека Судот треба да обезбеди присуство на сите осомничени и обвинети во постапката“, и појаснуваме на јавноста дека во нашата држава се применува акузаторен систем на кривично гонење според кој обвинителството е овластен предлагач на мерките за обебедување присуство, а Судот одлучува доколку за тоа се создадени услови, што за овој случај услов би бил одземен имунитет,“ пишува во соопштението на Кривичен.

Кривичен застана на страна на шефицата на Обвинителството за организиран кримилан Вилма Рускоска, која вината за можно бегство на двајцата пратеници ја префрли на Џафери. Обвинителката претходно истака  дека нема да бара од полицијата да ги следи двајцата пратеници. Нека му ја мисли Собранието ако избегаат осомничените-рече Рускоска.

Елена Милошевска

Back To Top