skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Кривичен бара од ОЈО да утврди одговoрност за објавување снимка од рочиште

Кривичен бара од ОЈО да утврди одговoрност за објавување снимка од рочиште
  • 12.06.2019

Кривичниот суд достави службена белешка од Обвинителството во која бара да се утврди одговорноста за објавувањето на снимката од рочиштето на обвинетиот М.Н. за говор на омраза во статусот за Грција што се одржа на 8 мај во Судот.

Како што информираат од Судот, М.Н. побарал да се снима неговото судење по што го подигнал цедето со снимениот материјал од Судот и веднаш го објавил на неговиот фејсбук профил. Материјалот бил преземен и објавен и од порталот Инфомакс.

Од судот посочуваат дека со тоа обвинетиот направил кривично дело „оддавање службена тајна“, бидејќи не е дозволено снимката од судењето да се објавува и користи за цели надовр од кривичната постапка. Сметаат дека снимката треба да се отстрани од порталот.

Според Судот, ова е прв случај на злоупотреба на снимен материјал од судење иако веќе година и половина се снимаат судски предмети во Кривичниот суд кога има барање од странките.

За оддавање на службена тајна е предвидена казна затвор од три месеци до пет години или парична казна  и затвор до три години доколку делото е направено од небрежност.

Back To Top