skip to Main Content

Крива Паланка со најголема излезност од 47,2%, Пласница со најмала од 8,10%

Крива Паланка со најголема излезност од 47,2%, Пласница со најмала од 8,10%
  • 21.04.2019

Крива Паланка е општина со најголема излезност во првиот круг од Претседателските избори до 15 часот е 47,2 отсто, а своето избирачко право го искористиле вкупно 8.000 граѓани. Општина со најмала излезност е Пласница, каде што да гласаат излегле само 8,10% од гласачите.

– Излезноста е 47,2 отсто, изборниот ден протекува мирно без никакви попречување и проблеми, изјави Душко Арсовски, претседател на општинската изборна комисија во Крива Паланка.

Вкупно 16.982 граѓани од општината имаат право на глас и истото можат да го остварат на 47 избирачки места.

Во Ранковце до 15 часот гласале 42 отсто од вкупниот број гласачи.

Доста голема излезност бележи и штипскиот регион, каде што во Штип, во 15 часот одѕивот на 77 гласачки места за претседателските избори е 35,5 отсто или гласале 14.852 гласачи со право на глас. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК), Сенка Андреева вели дека до нив нема пристигнато поплаки за нарушување на изборниот процес.

– Инаку, според новата методологија во Штип до 15 часот гласале 7.471 жена и 7.381 маж. Ова се податоците од терен, инаку членови на ОИК се во обиколка на избирачките места, со цел да се види како тече изборниот процес, вели Андреева.

Излезноста во Свети Николе се 40,14  проценти, во Пробиштип до 15 часот гласале 40,03 проценти, а во Карбинци 33,53  проценти.

Од општинските изборни комисии забележуваат дека граѓаните на кои личните карти им се неважечки, можат да гласаат со пасоши, но важно е да ги има во Избирачкиот список.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека не се забележани инциденти или нарушување на изборниот процес ниту на гласачките места, ниту надвор од нив во сите општини во источниот регион.

Во Куманово до 15 часот излезноста е на ниски 23.54%, додека најмногу гласале жителите на Старо Нагоричане, 28,18, а најмалку жителите на Липково – 9.75%,

Гласањето во овие три општини, информираа од општинските изборни комисии се одвива тековно.

– Во Куманово денеска можат да гласаат 86.009 лица на 167 избирачки места, информираше потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими.

Претседателот на ОИК Липково, Лирим Јашари, наведе дека во Липково право на глас имаат 25.363 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места.

– Гласањето се одвива непречено и во Старо Нагоричане, информираше Драган Јовановски, претседател на ОИК. Во оваа општина право на глас имаат 3.329 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места.

До 15 часот во Струга одѕивот 20, најмногу гласачи излегле во Вевчани 40% а во Ресен 27 проценти.

Според претседателот на Општинската изборна комисија во Струга, Бледар Зиба, од регистрирани 60.459 гласачи на 101 избирачко место своето гласачко право го искористиле 11.657 лица или 19,31 отсто.

Во Преспанскиот регион на 50 избирачки места своето гласачко право до 15 часот го оствариле 4.392 лица или 26,8 отсто од регистрираните 16.649 гласачи, информира претседателот на ОИК Кирил Тански.

До 15 часот во трите избирачки места во Вевчани, како што извести претседателката на ОИК Параскева Кукоска, гласале 815 лица или 39,5 проценти од регистрираните 2.048 гласачи.

Претседателите на ОИК во трите општини потврдија дека изборниот процес се одвива непречено, без регистрирани нерегуларности. сс/аа/

Најмалата по број на жители, општина Јегуновце и до 15 часот повторно има најголема процентуална излезност на граѓаните кои имаат можност да изберат нов претседател. Од 10.171 гласач и 21 избирачко место во Јегуновце гласале 21,80 отсто од граѓаните со право на глас.

И општина Брвеница бележи 20,90 проценти излезеност на 24-те избирачки места каде ќе може да гласаат вкупно 15.268 граѓани. Општина Тетово бележи 19,83 отсто, а Теарце 15, 48 отсто од граѓаните кои дошле до избирачките места да гласаат.

Најмлаку излезеност има во општините Боговиње и Желино. Во Боговиње од 27.501 гласачи гласале само 12,12 отсто, а во Желино 10,06 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список.

Back To Top