skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Крадците на НЛБ банка од Чаир избегале – не е познато колку пари се украдени

Крадците на НЛБ банка од Чаир избегале – не е познато колку пари се украдени
  • 15.04.2019

Четири маскирани и вооружени лица среде бел ден упаднале во експозитура на НЛБ банка во скопски Чаир и извршиле грабеж. Го нападнале и претепале 26-годишниот обезбедувач и под закани ги одзеле парите од банката. По грабежот, испукале еден куршум во воздух и се качиле во бел голф. Голфот е најден изгорен на локација помеѓу Бутел и Шуто Оризари што ќе го оневозможи вадењето отпечатоци од сторителите. Се уште не се соопштува колку пари се украдени.

Раководството на терен не соопшти никакви информации, но писмено се огради менаџментот на банката. Од НЛБ тврдат дека парите на клинетите се сигурни, бидејќи банката има осигурување на целиот имот.

„Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително“ – соопштуваат од НЛБ.

НЛБ е често мета на крадци, а јавноста се сеќава и на најголемиот грабеж досега кога во април 2017 беа украдени околу 3 милиони евра од банката. Вкупно 20 години затвор добија ограбувачите, но на судењата не кажаа каде ги сокриле парите.

Кристина Атовска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top