skip to Main Content

Кој се ќе биде амнестиран од учесниците во 27 април? Предлог текстот е готов

Кој се ќе биде амнестиран од учесниците во 27 април? Предлог текстот е готов
  • 12.12.2018

Консензуално, подгрупата за помирување се договори кој се треба да биде амнестиран од учесниците во собраниските  инциденти од 27 април. Во  Предлог – текстот за амнестијата нема да бидат опфатени организаторите и насилниците. Според независниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Зеќир Рамчиловиќ оставена е и можност оние што не сакаат да бидат опфатени со Законот за амнестија да го продолжат судскиот процес. Секое лице опфатено  со процесот на амнестијата, по изгласување на законот, ќе треба  да поднесе барање за аменестија. Ова е политичка одлука, правдата ќе си го најде патот.  Ова е прв чекор кон помирувањето, рече Рамчиловиќ.

Јасно е наброено за кои делови се однесува амнестијата, односно она што значи физичко насилство, обид за убиство, убиство. Тие нема да подлежат на Законот за амнестија. Сите оние што не се организатори и што не направиле физичко насилство, тие се таа втора категорија. Најдена е правна формулација  каде што врз основа на постоечкокто обвинение ќе може врз основа на друг член кој е здружување заради непријателска дејност, може да го продолжи процесот понатаму со што ќе може да продолжи процесот, рече Рамчиловиќ.

За министерката за правда Рената Дескоска, Законот за амнестија го носи Собранието а неговата цел веќе е јасна.

Законот за амнестија е Закон кој го подготуваат пратениците во Собранието во Телото за помирување и во моментов целтта на тој Закон се знае. Ќе потсетам дека на почетокот на оваа година беше донесен Закон за амнестија кој ги опфати сите затвореници  и ги постигна своите цели. Пречестото давање на амнестија, двапати  во една година  не е нешто што е познато во другите земји и не е нешто што може да ги даде резултати, за она што е цел на Законите за амнестија. На почетокот на годината беше донесен таков Закон и беше применет. На затворениците им беа намалени казните, а некои благодарение на овој закон излегоа од затворите, така да треба да се има во вид реалната состојба. Таа амнестија беше општа амнестија и не беше селективна, рече Дескоска.

Предлог – текстот за амнестијата, Подгрупата за помирување ќе го достави до Телото за реформи, интеграција и помирување, а потоа и до сите пратеници во Собрането.

Весна Велкова Тодоровска

 

Back To Top