skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Кој е сега виновен за повисоките цени на струјата?

Кој е сега виновен за повисоките цени на струјата?
  • 12.02.2019

Ако во 2012 СДСМ тврдеше дека партиските вработувања во ЕЛЕМ ја покачиле цената на струјата, денеска оваа реторика е целосно променета. Социјалдемократите од позиција на власт сега имаат различни оправдувања за работните места на членовите на нивните семејства. Последниот случај кој ја потпали јавноста беше вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска, токму во ЕЛЕМ – претпријатието кое важи за бастион на непотизмот. Таа тврди дека не знаела за апликацијата.

„Нашите деца секако некаде ќе бидат вработени. Мојот син првин аплицирал, па потоа ми го соопшти тоа. Јас сум немала апсолутно никакво влијание во одлуката на ЕЛЕМ тој да биде вработен. Градежните инженери се дефицитарни“ – изјави Стојчевска.

Претходно таа на сличен начин ги оправдуваше високите суми кои ги добива за патни трошоци, поради што и го заработи прекарот Мира дизел. Ниту ова објаснување не помина кај јавноста. Професорката Најчевска на социјалните мрежи реагираше дека не е важно дали синот на Стојчевска ги исполнувал условите, туку зошто бил вработен токму тој.

„Адеми не знаел за сестра му, госпожата не знае за синот. Заклучок: во Македонија имаме голем проблем со дисфункционални семејства во кои најблиските роднини не комуницираат меѓу себе, меѓутоа по некоја случајност успеваат да се вработат на места кои носат големи примања. Ова е некој посебен феномен кој треба да биде добро истражен“ – пишува таа.

И ќерката на одметнатата пратеничка од ВМРО- ДПМНЕ, Емилија Александрова, доби работа во Фондот за иновации и технолошки развој. Работа на државна сметка во АД ЕЛЕМ, до сега добија и синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери и сопругот на Магдалена Несторовска. Од неодамна пак, во МЕПСО работи и Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ. Бурни реакции имаше и за изборот на баџанакот на Талат Џафери во Антикорупциската комисија. Новиот состав на ова тело пак вели дека низ текот на работата ќе се покаже дали неговите роднински врски ќе бидат пречка за извршување на функцијата.

Никој од владините функционери не гледа ништо спорно во овие вработувања. Министерот за информатичко општество пак, убедува дека „две- три“ вработувања не значат непотизам, правдајќи се дека изминативе десет години симпатизерите и членовите на СДСМ биле крајно дискриминирани, кога станува збор за вработување. Инаку сето ова се случува во период околу распишување на изборите, за време на кои согласно законот не се дозволени вработувања во државните претпријатија.

Христијан Баневски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top