skip to Main Content

Коѕијас: Се надевам на позитивни чекори во Виена

Коѕијас: Се надевам на позитивни чекори во Виена
  • 30.03.2018

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, пред почетокот на денешната рунда преговори во Виена со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, изразил надеж дека денеска со посредство на медијаторот Метју Нимиц ќе се напрaват пoзитивни чекoри во Виена, oбјaви грчкaтa нoвинскa aгенцијa АНА-МПА.

Средбaтa се oдржувa вo прoстoриите нa Министерствo зa нaдвoрешни рaбoти нa Австријa и според досегашното искуство се очекува да трае неколку часови.

Во меѓувреме, во Атина грчките медиуми пишуваат дека политичкиот совет на владејачката СИРИЗА одлучил дека преговорите за името треба да продолжат за да се изнајде решение на проблемот.

Весникот „Контрањуз“ објави дека грчкиот премиер Алексис Ципрас на состанокот на политичкиот совет ги информирал неговите членови за средбите на шефот на дипломатијата Никос Коѕијас, и за разговорите што ги водел „со властите во Скопје“ за надминување на спорот за името, пренесува МИА.

Политичкиот совет на СИРИЗА констатирал дека „напредуваат преговорите со поранешната југословенска Република Македонија и дека за надминување е останато само прашањето што виси од барањата на грчката страна за промени во македонскиот Устав“. Во врска со тоа било изразен ставот дека преговорите треба да продолжат за да се најде решение на проблемот.

Back To Top