skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ
Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
СДСМ и ДУИ бараат консензуален претседателски кандидат
За олеснување на трговијата и транспортот 26,2 милиони евра од Светска банка
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Костовски: По наредба на Грујевски прислушуваните се делеа на СДСМ, албански партии и оперативни потреби

Костовски: По наредба на Грујевски прислушуваните се делеа на СДСМ, албански партии и оперативни потреби
  • 12.02.2019

Системот за следење на комуникациите Верин функционирал со таргети маркирани на барање на соодветни оддели во УБК, како на пример таргет СДСМ, албански партии, оперативни потреби. Групите на таргетите по случаи биле правени по наредба на началникот Горан Грујевски, а на маркирачот му се давало ливче на кое го пишувало бројот кој ќе се слуша, под кој псевдоним и во која таргет група да влезе.

Ова, на денешното рочиште во Кривичен суд за предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО, го истакна сведокот Звонко Костовски, вработен во МВР како началник на сектор до 2006 година. Откако на местото директор на УБК бил назначен Сашо Мијалков, Костовски бил деградиран за две нивоа подолу. Во 2008 година бил унапреден едно скалило, а во 2012 година во началник во Единицата за оперативно техничка поддршка на операција и таму бил се до неговото притворање во 2015 година.

Системот Верин, рече вториот „свиркач“ во случајот „Таргет-Тврдина“, имаше два апликативни софтвера, едниот за маркирање на броеви за следење, а другиот за обработка на податоците. Појасни дека следењето на броевите се вршело преку пет интермедијациски уреди во сопственост на телекомуникациските оператори, односно по еден од ВИП и Оне и три од Телеком. Тие уреди биле набавени независно од мониторинг центарот во УБК, а нивното одржување го вршеле луѓе на операторите. При одржувањето на уредите со тие луѓе секогаш имало и вработени во МВР.

Во времето на Верин системот имало тројца маркирачи, а подоцна дошол уште еден.

-Маркирачите во системот се логираа под името админ1, админ2 и админ3. Корисниците на системот ги креиравме јас и Сашо Трајковски, а освен репродуцерите и маркирачите пристап до системот имаа сите началници на оддели и директорот на УБК, рече Костовски.

Верин системот работел до 2009 година, а подоцна  физички бил во истата сала, но бил исклучен поради судска постапка за злоупотреба на набавка за која самиот тој бил сведок.

-На инсистирање на Горан Грујевски во 2009 година да се извадат хард дисковите да се уништат му реков дека е потребно да се формира комисија за такво нешто, посочи Костовски и додаде дека дисковите од системот Верин не биле уништени додека бил во МВР, а за подоцна не знае што се случило.

Првиот систем за следење на комуникации бил Конверс од 99 година на кого била направена надградба од истата компанија која се ребрендирала во Верин и тоа функционирало до 2009 година. Во 2007 година е набавен нов систем за следење на комуникациите од Израел од компанијата Најс, кој почнал да работи од 2008 година. Една година паралелно работеле двата система, со цел да се провери дали сите разговори снимени на Верин се снимале и на Најс. Била инсталирана опрема за следење на комуникацијата за мобилните оператори, а подоцна и за фиксната телефоннија.

Во системот Најс биле формирани повеќе групи за слушање меѓу кои постоела група во која спаѓале директорот на УБК, началникот Грујевски и началничката Надица Николиќ.

Началничката Нилолиќ, посочи Костовски, давала ливче со број до маркирачот за да се слуша лицето, а во одредени случаи наредби за слушање се давале и по телефон.

-Најс системот имаше три маркирачи, а во 2010 година по наредба на Грујевски формирав уште три јузери насловени марк11, марк12 и марк13, а еден од тие јузери го користеше Владимир Варелов, потенцира Костовски.

На прашање на СЈО дали имало трет систем, Костовски рече дека бил купен италијански систем во 2014 година.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top