skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Костадинов: Со непотпишувањето на реформските закони, Иванов се потврди како кочничар на напредокот

Костадинов: Со непотпишувањето на реформските закони, Иванов се потврди како кочничар на напредокот
  • 25.03.2019

„Ѓорге Иванов и во последните денови од мандатот продолжува да биде кочничар на реформите, да работи спротивно на државните интереси и интересите на граѓаните.

Најновата форма на деструктивниот Иванов е да не ги потпишува указите за реформските закони кои се важни за напредокот, важни за граѓаните.

Иванов не ги потпиша Указите за Законот за оперативно техничка агенција и Законот за електронски комуникации, донесени со консензус во Собранието.

Реформските закони, за ОТА и за електронските комуникации, значат суштинска реформа во безбедносните служби и се важен чекор кон интеграцијата во ЕУ и добивањето датум за преговори.

Овие закони се поддржани и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Со непотпишувањето на указите, Иванов застана против реформата на безбедносните служби, против напредокот, против интеграцијата во ЕУ.

Иванов се потврди како кочничар на напредокот.

На Република Северна Македонија не и се потребни политичари кои се дел од деструктивната матрица на Никола Груевски, кои сакаат државата да се враќа назад, во изолација.

Добро е што мандатот на Иванов истекува за кратко. Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат претседател кој достоинствено ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top