skip to Main Content

Костадинов: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ многу бргу треба да се изјаснат дали се за ЕУ или НАТО

Костадинов: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ многу бргу треба да се изјаснат дали се за ЕУ или НАТО
  • 16.10.2018

„Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да ја блокираат иднината и евроатланската перспектива на Република Македонија.

Времето истекува, сега пратениците на ВМРО-ДПМНЕ многу бргу треба да се изјаснат дали се за ЕУ или НАТО или не?

Доколку ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да ја блокира иднината, секој пратеник треба да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, за подобар живот за сите граѓани.

Ако тоа не се случи одиме на предвремени парламентарни избори.

Гласот на мнозинството граѓани ќе одлучи за иднината во ЕУ и НАТО.
Христијан Мицкоски нема да може да побегне од волјата на граѓаните кои се јасно определени за напредок, за членство во ЕУ и НАТО со зајакнат идентитет.

Македонија ќе победи во секоја варијанта.

Правда ќе има, институциите ќе си ја работат својата работа. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

 

Back To Top