skip to Main Content

Костадинов: Пендаровски има сигурно и стабилно водство и очекуваме да биде прогласен за претседател

Костадинов: Пендаровски има сигурно и стабилно водство и очекуваме да биде прогласен за претседател
  • 05.05.2019

Според половината од пристигнатите резултати од обработени изборни гласачки места тенденција на сигурно и стабилно водство покажува заедничкиот кандидат Стево Пендаровски и очекувам таа тенденција да се задржи и тој да биде прогласен за претседател, изјави вечерва на прес-конференција портпаролот на СДСМ Коста Костадинов.

Пендаровски, како што посочи Костадинов, води пред Силјановска Давкова со над 30.000 гласови.

-Граѓаните го препознаа концептот што води напред кон единство, и интеграција во ЕУ и НАТО. На фер слободни и демократски избори граѓаните денеска избраа вистински претседател кој оди напред. Граѓаните денеска кажаа конечно не на враќање назад кон темното минато, изолација и поделби, рече Костадинов.

На новинарско прашање за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека доколку победи Пендаровски тоа ќе претставува изборен инжинеринг, Костадинов рече дека гласачите иама можност слободно и фер да се изјаснат на изборите, а надлежните институции за изборниот процес ако ДИК и МВР на прес-конференции веќе се изјаснија дека процесот поминал мирно и регуларно.

Тој ја повика ВМРО-ДПМНЕ да не бара изговори за поразот што им следи. Инаку во дворот на седиштето на СДСМ веќе  се слави со зурли и тапани.

Back To Top