skip to Main Content

Костадинов: Мицкоски бадијала сонува, неговите желби нема да се остварат

Костадинов: Мицкоски бадијала сонува, неговите желби нема да се остварат
  • 07.10.2018

Денеска од Христијан Мицкоски ја слушнавме истата стара приказна, на нова повторувачка прес конференција. Фејсбук статусот на Никола Груевски напишан во афект во 3 часот по полноќ, излезе низ устата на Христијан Мицкоски, изјави за медиумите пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

-Мицкоски сонува за две опции: Прво, Македонија да му даде амнестија на Груевски, второ Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ. Единствено за Мицкоски, и само за него, договорот со Грција е мртов. Во момент кога цел свет дава поддршка на Македонија, Мицкоски му врти грб на целиот свет, само за да го спаси Груевски. Мицкоски е против цела Македонија и против целиот демократски свет. Она што Мицкоски денеска го побара е спротивно од она што граѓаните го очекуваат и заслужуваат. Затоа, бадијала сонува, овие желби на Мицкоски нема да се остварат. Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана – изјави Костадинов.

Тој додаде дека ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по секоја цена одат спротивно од тоа, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш.

-Истото тоа огромно граѓанско мнозинство очекува правда над криминалите на фамилијата. Затоа, нема амнестија за криминалот. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, без разлика дали Мицкоски се противи на тоа или не – истакна Костадинов.

Back To Top